Aldıjana Hadzıc
06 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
САРАЕВО (АА) - Во пожар што се случи во близина на сараевската населба Алпашино Поле, во утринските часови загинаа две постари лица, а десет се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирфан Нефиќ, портпарол на полицијата, за АА рече дека станува збор за машко и женско лице.
Дежурниот лекар на Заводот за итна медицинска помош на Кантонот Сараево, Јасмина Хањалиќ рече дека според неофицијалните податоци, станува збор за маж со иницијали Р. В. и жена со иницијали Ш.Р., кои починале од задушување.
Три екипи на брзата помош им укажаа медицинска помош на десет лица, од кои осум биле пуштени на домашно лекување.
Пожарот на 11. кат од станбена зграда во улицата „Гете“ е локализиран во 8:55 часот, а бил изгаснат околу 9:30 часот. На пожарот му претходеше експлозија, а за случајот е известена сараевската полиција.