Andjelija Stojkovic, Ognjen Stevanovic
23 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
БЕЛГРАД (AA) - Министерто за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ оцени дека покренувањето на барањето за ревизија на пресудата во предметот Босна и Херцеговина против Србија пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг претставува „опасен чекор", кој може да ги дестабилизира односите помеѓу Србија и Босна и Херцеговина, во самата БиХ, но и во целиот регион, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова секако ќе има последици за билатералните односи на БиХ и Србија, сигурно ќе предизвика многу нестабилност во самата БиХ, бидејќи Србите најавуваат дека веќе нема да учествуваат во институциите на централната власт во Сараево, а факт е дека се поставува големо прашање на активна легитимација на Бакир Изетбеговиќ за поднесување на едно такво барање", рече Дачиќ вчера во Љубљана.
Тој рече дека Меѓународниот суд на правдата пред 10 години донел одлука дека „Србија не е виновна за геноцидот во Сребреница", дека од тогаш не се случил ниту еден нов момент, „не дошло до нови сознанија дека би се покренала ревизија на тужбата", а дека сите барања за ревизија кои се поднесenи во тој Хашки суд, се одбиени.
„Не гледам рационална цел за ова, освен дестабилизација на Босна и Херцеговина", рече Дачиќ.
Тој додаде дека смета оти меѓународната заедница треба да реагира, ако реагираше и кога е организиран референдумот за Денот на Република Српска.
„Ова е поголема опасност за дестабилизација на БиХ, отколку што беше референдумот за денот на Република Српска. Затоа очекуваме меѓународната заедница да нема двојни стандарди, туку сите да го почитуваат Дејтонскиот договор", рече Дачиќ.
Шефот на српската дипломатија рече дека неговата земја ќе се однесува конструктивно и дека ќе ги поддржува и ќе ги брани Србите во БиХ, бидејќи тоа е дејтонска обврска на Србија.
„Ќе направиме се да се сочува политичката стабилност, и покрај ваквите јасни акции кои имаат за цел да ја нарушат стабилноста на БиХ", рече Дачиќ.
Вчера во Белград се состанаа претседателите на Србија и бх. ентитетот Република Српска, Томислав Николиќ и Милорад Додик и премиерот на Србија Александар Вучиќ и претседавачот со Претедателството на БиХ Младен Иваниќ. Тие оценија дека е важно да се сочува мирот и стабилноста, но и дека е прашање како понатаму ќе се развиваат односите на Србите и Бошњаците доколу биде побарана ревизија.
Вучиќ по состанокот рече дека Србија нема да врши притисок на српските претставници во Босна и Херцеговина и дека ќе ги почитува нивните одлуки, како и дека е најважно да се сочува мирот.