Derya Gülnaz Özcan
22 Јуни 2022•Ажурирај: 22 Јуни 2022
АТИНА (АА) - Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, оствари телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски, во чии рамки истакна дека неговата земја го поддржува процесот за членство на Украина во Европската Унија (ЕУ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис на телефонскиот разговор со Зеленски го поздрави предлогот на Европската комисија да ѝ се даде на Украина официјален статус на земја кандидат.
Мицотакис до Зеленски уште еднаш ја упати поддршката на Грција за Украина.
Инаку, Грција, врз основа на одлуката што ја соопшти во февруари, испрати хуманитарна помош и воена опрема за Украина.