Zülfiya Yakup
21 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
ЛАПЉЕ СЕЛО (AA) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговараше вечерва со Србите од сите краеви на Косово во салата на Домот на културата во Лапље село, кај Граначница, додека околу 3.000 луѓе го слушаа разговорот надвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Собирот започна со едноминутен молк за пред четири дена убиениот Оливер Ивановиќ, лидерот на Граѓанската иницијатива Слобода, демократија, правда.
Вучиќ, обраќајќи им се на собраните рече дека Србија на различни начини им помага на косовските Срби и дека со разговор и дијалог со Албанците ќе ги решава нивните проблеми и ќе го сочува мирот. Истакна дека најголемиот интерес на Србија е Србите да останат и да живеат на Косово и да не ги има помалку, отколку денеска.
„Не се плашиме од никој, но јас мислам дека помина време кога целите ги остварувавме на некој поинаков начин. Денеска е време кога целите можеме со своето знаење, памет и грижливост да ги оствариме. Вие мора да бидете за сите нас доволно цврсти и силни и да останете тука, а ние да бидеме доволно внимателни и грижливи да ви помогнеме дека тоа можеме да направите", рече Вучиќ.
Во разговорот кој следуваше на претседателот на Србија му се обратија бројни граѓани кои ги раскажаа своите проблеми со кои се соочуваат и побараа помош и поддршка.
Пред разговорот во Лапље Село, кој се одржа по посетата на Северна Митровица, Вучиќ беше во посета на Грачаница.