Bojana Stojanovic
07 Март 2021•Ажурирај: 08 Март 2021
БЕЛГРАД
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека очекува продолжувањето на дијалогот помеѓу Белград и Приштина да биде кон почетокот на мај, јавува Агенција Анадолија (АА).
По вчерашната седница за национална безбедност, на која освен државниот врв присуствуваа и претставниците на Војската, Обвинителството, Министерството за внатрешни работи и Безбедносно-информативната агенција, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека станало збор за дијалогот, вакцинацијата против коронавирусот (Ковид-19), како и за борбата против организираниот криминал.
„Србија се наоѓа во многу тешка позиција и очекуваме продолжување на дијалогот кон почетокот на мај, ќе бидеме спремни за тој дијалог, но сакам да им кажам на сите граѓани на Србија дека на целата западна хемисфера од Србија се очекува признавање на Косово и тоа е суштината“, рече Вучиќ, додавајќи дека Србија ќе ги чува своите државни и национални интереси.
Вучиќ рече дека Србија досега набавила повеќе од 2,6 милиони вакцини и ги повика граѓаните да се вакцинираат.
За борбата против организираниот криминал, претседателот на Србија рече дека кај припадниците на оние што се зад решетки дошле до фотографии на одбележани лица во Безбедносно-информативната агенција и Министерството за внатрешни работи „кои им биле“ непријатели, како што тие ги сметале нивните прогонители, но дека не станува збор за челници, туку за оперативци кои директно се бореле против нив и во тоа успеале.
Како што додаде, Србија успеала да се пресмета со неколку важни криминални групи, најмалку две, но има помлада група наследници кои мислат дека ќе можат да продолжат.
„Можам да кажам дека наскоро ќе бидат растурени и сместени таму каде што им е местото - зад решетки. Избројани им се деновите на слобода, тоа им велам, како и на овие кои се зад решетки. Нашиот одговор ќе биде немилосрден, но во согласност со законот, Уставот, но и правдата, моралот, потребите на граѓаните на Србија“, наведе Вучиќ.
За тоа говореше и министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, наведувајќи дека групата на Вељко Беливук е растурена во акцијата насловена како „Грабнувач“ (Отимач).
„Продолжен им е притворот што говори за тоа колку нашите докази се чисти“, истакна Вулин.
Тој потоа ја предупреди јавноста на вознемирувачките фотографии до кои дошле во истрагата. Потоа се прикажани и фотографиите од убиството за кое се сомнева дека го извршиле припадниците на организираната криминална група предводена од Вељко Беливук.
Обвинителството за организиран криминал по неколкуте апсења на 4 февруари започна истрага против 22 лица, меѓу кои е и Вељко Беливук, поради сомнеж дека како членови на организирана криминална група извршиле низа кривични дела скривајќи се зад навивачката група на Партизан. Сите се обвинети за злосторничко здружување, производство и трговија со наркотици, а неколкумина се уапсени и за тешки убиства.
За прислушувањето на претседателот на Србија, министерот Вулин рече дека Вучиќ и членовите на неговото семејство биле прислушкувани и тоа 1.572 пати.
„Извесен број припадници на МВР се ставени на полиграф и сите паднаа на најважните прашања што им ги поставувавме. Ова што му се случи на претседателот и на неговото семејство веќе не смее никому во Србија да му се случи, никогаш“, додаде Вучиќ.