Andelija Stojkovic
24 Август 2019•Ажурирај: 25 Август 2019
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека секој разговор со претставниците на Соединетите Американски Држави (САД) е важен бидејќи „пред Србија не е лесна есен, ниту едноставна зима“, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ние ќе се бориме во тешки услови, нема да биде лесно, ќе видиме како сето тоа ќе изгледа. Секако не очекуваме лесни денови, ниту лесна есен, ниту едноставна зима за нас“, рече Вучиќ во телевизиско интервју, по низата состаноци во САД за прашањето за Косово.
Говорејќи за нападите на Србите во Хрватска, Вучиќ рече дека нападот кој се случил пред неколку дена е страшен и дека Србија ќе му помогне на својот народ, кој живее во таа држава.