Балкан

Вучиќ најави дека Србија ќе учествува во обновата на градовите во Украина

- Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска ги прими акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Украина, Владимир Толкач и му посака добредојде во Србија

Gorana Jakovljevic  | 18.05.2022 - Обновена : 19.05.2022
Вучиќ најави дека Србија ќе учествува во обновата на градовите во Украина Фото: Милош Мишков / АА

БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска ги прими акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Украина, Владимир Толкач и му посака добредојде во Србија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Вучиќ изрази искрено жалење за ситуацијата во Украина и го запозна амбасадорот Толкач со ставовите на Владата на Република Србија и Советот за национална безбедност. Нагласи дека Србија е посветена на почитување на начелата за територијалниот интегритет и суверенитет на државите, како едни од основните принципи на меѓународното право содржани во Повелбата на Обединетите нации и дека во таа смисла го почитува територијалниот интегритет на Украина. Нагласи дека и Србија е изложена на непринципиелниот став на еден дел од светот кога станува збор за еднострано прогласената независност на Косово и се заблагодари на Украина за почитувањето на територијалниот интегритет на Србија.

„Претседателот Вучиќ истакна дека Србија на цивилите бегалци од Украина им обезбеди најдобри можни, како и сите права на дозволи за престој и работа, во согласност со правилата на Европската Унија, дури и на повисоко ниво. Претседателот Вучиќ најави дека наскоро со амбасадорот Толкач ќе ги посетат украинските бегалци во нашата земја“, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

Толкач се заблагодари за хуманитарната помош што Србија им ја пружа на загрозените украински цивили, како и за финансиската помош.

Вучиќ најави дека Србија ќе учествува во обновата на градовите во Украина.

Нагласи дека Србија и Украина имаат можности да ја развиваат соработката во различни сфери од заемен интерес и ја нагласи потребата да се продолжи работата на зајакнувањето на економските односи штом ситуацијата дозволи.

„Претседателот повтори дека Србија, во согласност со својата доследна политика, се залага за мирно решавање на споровите и во таа смисла ги поддржува сите напори насочени кон преговорите“, се додава во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.