СКОПЈЕ (АА) - Почнувајќи од вечерва во наредните осум дена во просториите на Чифте Амам во Старата скопска чаршија ќе биде отворена изложбата со фотографии на Anadolu Agency (AA) насловена „Доживувањата на беглаците" која има за цел да го привлече вниманието на јавноста за бегалската криза и да се изрази поддршката што Турција им ја дава на бегалците.
Изложбата која се состои од 41 фотографија се одржува под покровителство на Амбасадата на Република Турција во Македонија, во организација на Институтот „Јунус Емре" - Скопје, со придонес на турската новинска агенција Anadolu Agency (AA) и Турската радио телевизија (ТРТ).
Шемсетин Шекер, директорот на Институтот „Јунус Емре" - Скопје, изјави дека во денешницата и покрај тоа што оваа тема не е актуелизирана на глобално ниво сепак не може да се негира фактот на постоење на бегалската криза. Тој истакна дека и денеска има речиси 100 милиони бегалци кои морале да ги напуштат своите домови поради војни, тешката економска состојба и биле приморани да се засолнат во други земји.

„За жал поголемиот дел од зeмјите на светот се глуви и неми на овој проблем, додека Република Турција како во минатото, така и во денешеницата го прави она што ни доликува според нашата традиција и им ја пружаме раката на помош на оние кои тоа им е потребно", рече Шекер.
„Ние како Турција секогаш сме блиску до бегалците не само во Турција, туку во различни центри во Африка, Азија, Америка, кои поради разни причини како што се војна, природни катастрофи и сиромаштија биле приморани да ги напуштат своите родни места и да се иселат. Ние се обидуваме да ги обезбедиме нивните животни потреби", истакна Шекер.
Тој потенцираше дека Турција со сите нејзини институции им помага на угнетените на различни краишта од светот без да прави разлика на верска, етничка или било која основа. Шекер нагласи дека Турција е надеж на сите угнетени лица во светот, како и дека и во иднина ќе продолжи да биде нивната надеж.
Аднан Идриз, главниот и одговорен уредник на Сервисот на македонски и Сервисот на албански јазик на турската новинска агенција Anadolu Agency (AA) изрази благодарност до Амбасадорката на Турција во Македонија Тулин Еркал Кара, Институтот „Јунус Емре"- Скопје и ТРТ за нивниот придонес во насока на организирање на оваа изложба.
„Фотографиите и снимките од објективот на Anadolu Agency сведочат за тажните животи на сите жители на Сирија, Ирак и останати земји каде продолжуваат војните конфликти. Во таа насока би можеле да кажеме дека Anadolu Agency беше гласот на безгласните и го пренесуваше нивниот глас до целата светска јавност", истакна Идриз.

„Страдањата на бегалците кои тргнаа на патот на надежта барајќи ново утро во кое нема да го слушаат звукот на оружјето и мирисот на барутот, беше наша оддговорност да бидеме гласот на угнетените", рече Идриз и потенцираше дека оваа новинска агенција направи се што беше во нејзина надлежност за да ги пренесе доживувањата на бегалците до јавноста.
Во своето обраќање, Идриз сподели неколку важни податоци и статистики за помошта на Република Турција и претседателот Ердоган кои, како што рече, беа испружената рака на милост на белгаците.
Како што рече Идриз, од 2011 година, Турција само од Сирија прими вкупно повеќе од 3,5 милиони бегалци и од УНХЦР е прогласена за земја која прими најголем број бегалци во светот. Меѓу другото, Идриз рече дека треба да се потенцира дека вкупниот буџет на Турција наменет за помош и поддршка на бегалците изнесува над 25 милијарди долари. Исто така, Идриз нагласи дека во тој период, во Турција се родени над 200 илјади деца бегалци.
Претставникот на Турската радио телевизија (ТРТ) во Скопје, Буњамин Шахин во своето обраќање рече дека додека во европските земји зе случуваа владини кризи поради бегалците, во Турција на белгаците на најсоодветен начин им се задоволени потребите за згрижување, здравство, образование, како и сето она што им е потребно.

„Во видеата ќе видите како се причекани 3,5 милони луѓе. Тие не се во кал,туку Турција на најдобар начин ги исполни нивните потребни за лекување, образование и сето она што им е потребно", рече Шахин.
„Што ќе беше доколку 3,5 милиони бегалци престојуваа во европските земји? Турција ја пружи раката на милост и доследно им излезе во пресрет на овие угнетени луѓе", рече Шахин.
Тој истакна дека низ минатато Турција била земја во која дошле луѓе од бројни места, меѓу кои и луѓе од балканските земји.
„Во нашата традиција е угостувањето на бројни Албанци, Бошњаци во Турција. Исто така, оваа земја ги отвори своите врати на околу 500 илјади Евреи протерани од Шпанија", истакна Шахин.
Тој додаде дека Турција секогаш им помагала на оние кои помшта им била потребна, како во минатото така и денеска.
Љубинка Брашнарска, портпарол на УНХЦР во Скопје, која ја вечерва ја посети изложбата за бегалците, во изјава за Anadolu Agency (AA) ја нагласи важноста на пристапот и начинот на известување на АА за бегалската криза.
„Многу е важно ова што го работите бидејќи бегалците многу често се гледаат како бројки и тоа е многу погубна тактика кога се зборува за правата на бегалците и нивните потреби. Нам ни е драго што секогаш кога имавме можност да соработуваме со Anadolu Agency (AA) имаше прашања кои задираа во вистинските проблеми и болки на бегалците и тоа се прашањата коишто треба да се отвораат и тоа се прашањата кои ќе ја подобрат положбата на бегалците насекаде во светот" рече Брашнарска и упати благодарност за АА за трудот во известувањето за бегалската криза.
На вечерашното отворање на изложбата присуствуваа бројни претставници на државни институции и организации, како и претставници на меѓународни институции и невладини организации кои активно работеа и придонесуваа за време на бегалската криза кога територијата на Република Македонија беше дел од бегалската Балканската рута.
Исто така, голем интерес за изложбата покажаа бројни граѓани и локални медиуми.
Изложбата „Доживувања на бегалците" во просториите на „Чифте амам" во Старата скопска чаршија за посетителите ќе биде отворена до 3 април 2018.