Abdula Berisha
11 Септември 2023•Ажурирај: 11 Септември 2023
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, ги пречека во Скопје претседателите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, јавува Анадолу.
На состанокот присуствуваат претседателите на земјите од Западен Балкан, како и претседателите на Хрватска и Словенија во улога на кодомаќини.
Претседателот на Северна Македонија, Пендаровски, ги пречека во Скопје претседателите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони - претседателите на земјите од Западен Балкан, како и на Хрватска и Словенија во улога на кодомаќини.
Во фокусот на годинашниот состанок на лидерите се европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите.
Процесот Брдо-Бриони првпат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска, во Брдо кај Крањ.
Главна цел на процесот е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.
Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно.