Dzihat Aliju
15 Јули 2022•Ажурирај: 16 Јули 2022
СКОПЈЕ (АА) - Амбасадата на Република Туркије во Скопје организира комеморација по повод 15 Јули - Денот на демократијата и националното единство, јавува Агенција Анадолија (АА).
На комеморацијата учествуваа амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на Демократската партија на Турците (ТДП) во Северна Македонија и пратеник Бејџан Илјас, претседателот на Движењето за национално единство на Турците (ТМБХ) во Северна Македонија, Ердоган Сарач, претставници на турските институции и организации во земјата и други гости.
Церемонијата започна со едноминутен молк и интонирање на Националната химна на Република Туркије.
Во своето обраќање, амбасадорот Секизќок потсети дека изминаа шест години од обидот за пуч на ФЕТО, кој за цел ги имаше постоењето и опстанокот на Република Туркије.

Истакнувајќи дека таа вечер за време на обидот за пуч, судбината на Туркије ја одредиле водството на претседателот Реџеп Таип Ердоган и решителниот став на турскиот народ против пучистите, амбасадорот Секизќок рече дека турскиот народ со прикажаниот став ја покажа својата национална волја.
Тој нагласи дека турската нација била обединета пред обидот на ФЕТО да ја преземе државата, Секизќок истакна: „Борбата на нашиот народ, кој ноќта на 15 јули ја бранеше татковината за доброто на Туркије, стана пресвртница во нашата историја. Во херојскиот отпор таа ноќ загинаа 251 наш граѓанин, а повеќе од 2.000 наши граѓани беа повредени. Не беше дозволено ФЕТО да ги преземе институциите на нашата држава. Беше покажано дека не постои ниту една сила над волјата на народот.“
Посочувајќи дека на 15 јули пред јавноста беше прикажано дека ФЕТО е нова генерација на терористичка организација, Секизќок истакна дека во меѓувреме се преземени решителни чекори за идентификување на припадниците на ФЕТО инфилтрирани во државните институции за да се изведат пред лицето на правдата. Амбасадорот Секизќок потсети дека се спроведени судски процеси и сторителите се изведени пред лицето на правдата, дека се уништени мрежите на организацијата во органите на државните институции, отстранети се параванските структури на ФЕТО во областите како што се образование, медиуми и банкарство и дека е скршена кичмата на организацијата во Туркије.
Амбасадорот рече дека по обидот за државен удар во Туркије, ФЕТО има за цел да преживее во странство:
„Ја продолжуваме нашата борба за отстранување на структурите на ФЕТО во странските земји. Можеме да ги видиме и позитивните резултати од овие напори. Ставен е крај на активностите на училиштата на ФЕТО во 45 земји. Повеќе од 200 училишта во 20 земји се преземени од Турската фондација „Маариф“. Туркије ќе продолжи со својата решителна борба против сите терористички организации, вклучително и ФЕТО, како дома, така и на меѓународно ниво. Очекуваме сите земји да дејствуваат во духот на соработка и солидарност во борбата против тероризмот. Важно ни е Турците кои живеат во странство да посочат кон заканата од ФЕТО во земјите во кои се наоѓаат.“
По амбасадорот Секизќок се обрати Мустафа Местен, советникот за верски прашања во Амбасадата на Туркије во Скопје, кој изрецитира извадоци од Куранот.
Од друга страна, пред петочната молитва во Мустафа-пашината џамија во Скопје се одржа програма на рецитирање на Куранот и молитва по повод 15 Јули - Денот на демократијата и националното единство на Туркије.