Furkan Abdula
28 Септември 2021•Ажурирај: 29 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија бројот на аплицирани дози вакцини против новиот вид коронавирус (Ковид-19) надмина 1.500.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштeнието на Министерството за здравство на земјата, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
„На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.820 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.207 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.505.469 дози вакцини, а ревакцинирани се 721.156 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани“, се вели во соопштението.
„Со последните бројки 55 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 32 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се наведува во ова соопштение.
Се истакнува дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата.
„Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата“, се додава во соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија.