Agim Sulaj
18 Ноември 2024•Ажурирај: 18 Ноември 2024
ПРИШТИНА (АА) - Владиниот кабинет на Северна Македонија е примен денес од претставници на Владата на Косово во Приштина, јавува Анадолу.
На средбата што се одржува на периферијата на Приштина, косовскиот премиер Албин Курти го пречека премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, а по интонирањето на националните химни на двете земји, двајцата премиери ги поздравија министрите на двата владини кабинета.
Членовите на двете влади заедно се фотографираа, а потоа се упатија кон салата за седницата на двете влади, каде што ќе се потпишат заеднички договори.
Според прелиминарните информации, прва тема на меѓувладината седница ќе биде Протоколот за заеднички гранични точки на границата Блаце и Јажинце („One Stop Shop“), што значително ќе ја олеснат комуникацијата и слободното движење на граѓаните и стоката на овие најфреквентни гранични точки меѓу двете земји.
Втора тема ќе биде енергетската соработка меѓу двете земји, како и патниот правец Тетово-Призрен.
Ова е втора меѓувладина седница на владите на двете земји, а првата се одржа во септември 2021 година во Скопје.