Zylfije Adem Jakupi
06 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
ПРИШТИНА
Премиерот на Косово Авдулах Хоти патува за Парис каде утре ќе се состане со претседателот на Франција Емануел Макрон, пред виртуелниот самит Србија-Косово закажан за 10. јули, петок, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како информираше владата на Косово, официјалниот прием на косовскиот премиер ќе биде спроведен во Елисејската палата во Париз, седиштето на претседателот на Франција, „што ја покажува грижата и посветеноста на претседателот Макрон за Косово и евроатланската иднина“.
Претходно од кабинетот на претседателот Макрон издадено е соопштението дека претседателот на Франција и германската канцеларка Ангела Меркел ќе бидат домаќини на виртуелниот самит Србија-Косово на 10. јули, петок.
Само 2 дена по самитот, премиерот Хоти и претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе се состанат во Брисел во продолжение на дијалогот за нормализација на односите меѓу двете земји.
Портпаролот на Европската комисија Петер Стано на дневниот брифинг за медиумите соопшти дека во недела на 12 јули во Брисел ќе се состанат Хоти и Вучиќ, а домаќин на оваа средба ќе биде високиот претставник на ЕУ Џозеф Борел, со присуство на специјалниот претеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак. Стано истакна дека на средбата ќе стане збор за билатералните односи и регионалните случувања на Балканот.
Дијалогот во Брисел е прекинат во декември 2018 година кога тогашниот премиер на Косово Рамуш Харадинај воведе такса од 100 отсто на робата увезена од Србија и БиХ, кои во меѓувреме се укинати.