Husamedin Gina
07 Март 2022•Ажурирај: 08 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 124 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 299.766, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 7 починати лица, со што билансот на смртни случаи од Ковид-19 во земјата достигна 9.086.
Институтот за јавно здравје регистрира 543 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 288.235.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 2.445.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.209 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.908.017 тестирања.