Zylfije Adem Jakupi
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
ПРИШТИНА (АА) - Националниот институт за јавно здравје на Косово денеска соопшти дека се регистрирани 19 нови случаи на коронавирусот, со што бројот на активни случаи се зголеми на 241, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во последните 24 часа тестирани се 253 сомнителни примероци, земени од Клиниката за инфективни болести и од терен, од кои 19 биле позитивни на коронавирусот. Позитивните случаи се случаи на контакти.
Од Институтот наведуваат дека денес се регистрирани уште 24 излекувани пациенти, со што бројот на досега оздравени пациенти од вирусот изнесува 871.
Од 8 февруари, во Лабораторијата за молекуларна микробиологија тестирани се 15.586 лица, од кои 1.142 заразени, со 30 смртни случаи.