Agim Sulaj
06 Октомври 2019•Ажурирај: 06 Октомври 2019
ПРИШТИНА (АА) - Денес во 07:00 часот започна процесот на гласање на предвремените парламентарни избори кои се одржуваат откако косовскиот премиер Рамуш Харадинај во јули даде оставка од премиерската функција, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласачите ќе можат да го искористат своето право на глас до 19:00 часот. Според податоците на Централната изборна комисија на Косово, на изборите регистрирани се 1 милион 937 илјади и 869 гласачи, кои ќе можат да гласаат на 2.547 избирачки места.
Вкупно 1.067 кандидати за пратеници од 25 политички субјекти, од кои 20 политички партии, 4 предизборни коалиции и еден независен кандидат, ќе натпреваруваат за да влезат во парламентот кој брои 120 пратеници.
Изборите ќе ги набљудуваат околу 50.000 набљудувачи, меѓу кои и набљудувачи од Европската унија (ЕУ).
Денешните избори се седми по ред во Косово, од кои четири од нив се предвремени парламентарни избори.
Инаку, Харадинај во јули поднесе оставка од премиерската функција поради повикот да се јави како осомничен во Специјалниот суд за Косово во Хаг.