Zylfije Adem Jakupi
17 Јуни 2020•Ажурирај: 18 Јуни 2020
ПРИШТИНА
Во Косово денес е регистриран 141 случај на заразување со Ковид-19, додека уште една пациентка почина од последиците на вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово денес соопшти дека се тестирани 397 примероци земени од инфективната клиника со следење на контактите на терен, од кои 141 случај беше позитивен. Денес се излекувани пет пациенти, па вкупниот број на излекувани е 968.
Според соопштението на Министерството за здравство на Косово, на инфективната клиника денес почина пациентка на возраст од 74 години.
Од 8 февруари до денес се тестирани 19.312 лица, а вкупно позитивни биле 1.756 случаи.