Zylfije Adem Jakupi
24 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во последните 24 часа се тестирани 1.590 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 609 биле позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа во Косово животот го загубија 13 пациенти од последици предизвикани од Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега спровеено е тестирање на 134.318 лица, од кои 35.549 биле позитивни, а 939 починаа од последици предизвикани од коронавирусот.
Во Косово последното деноноќие оздравеа 350 пациенти, вкупно 21.746 досега, додека во моментов во земјата има 12.864 активни случаи на заразеност со Ковид-19.