Zylfije Adem Jakupi
06 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 7 лица, додека регистрирани се 92 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во последните 24 часа биле тестирани 457 примероци сомнителни за коронавирусот, од кои 92 случаи биле позитивни.
Од почетокот на епидемијата на Косово тестирани се 54.011 лица, од кои 14.119 биле позитивни, со 563 смртни случаи.
Од последниот пресек на ситуацијата излечени се 115 пациенти, со што бројот на излекувани е зголемен на 10.546, а во моментов има 3.010 активни случаи на коронавиусот.