Балкан, Коронавирус

Во Косово досега 125 заразени од Ковид-19

Откако денес се тестирани 113 примероци сомнителни на коронавирус, потврдени се уште 13 заразени

Zylfije Adem Jakupi  | 01.04.2020 - Обновена : 02.04.2020
Во Косово досега 125 заразени од Ковид-19

ПРИШТИНА (АА) - Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека денес се потврдени уште 13 новозаразени со коронавирусот, со што бројот на заразени порасна на 125, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Откако денес се тестирани 113 примероци сомнителни на коронавирус, потврдени се уште 13 заразени. Позитивните случаи се контакти од кои 11 живеат во Топаница, еден во Приштина и еден во Ѓаковица.

Исто така, соопштено е дека излекувани се уште 4 пациенти, што значи дека досега од вирусот се излекувани 10 лица.

Од 08.02.2020 година до денес, во Лабораторијата за молекуларна микробиологија при Националниот институт вкупно се тестирани 1.380 сомнителни примероци на коронавирусот од кои 125 позитивни, со еден смртен случај на 82-годишник од Подујево.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın