Derya Gülnaz Özcan
31 Август 2024•Ажурирај: 03 Септември 2024
АТИНА (АА) - На грчкиот град Волос е прогласена вонредна состојба во времетраење од еден месец откако на површината на морето се појавија повеќе тони мртви риби, известува Анадолу.
Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција прогласи вонредна состојба во градот Волос во период од месец дена поради еколошката катастрофа во регионот и многу силната и непријатна миризба.
Непријатниот мирис го загрозува јавното здравје и покрај активностите за чистење кои траат од 27 август, кога мртвите риби ја прекриле површината на морето.
Локалните власти наведуваат дека е направена голема штета на стопанството и туризмот.
Власта ги повикаа граѓаните да не пливаат и да не рибаат на плажите во регионот.
Грчките медиуми информираа дека рибата потекнува од езерото Карла, кое се наоѓа во близина на Волос, додавајќи дека езерото било исушено во 1962 година како дел од борбата против маларијата, но дека минатата година обилните дождови во регионот и поплавите предизвикале повторно полнење на езерото.
Според експертите, езерските води ги турнале слатководните риби во заливот Пагасит, каде што се наоѓа Волос, што предизвикало угинување на рибите.
Специјални возила собрале над 100 тони риба од купиштата мртви риби кои се протегаат на километри.