Kayhan Gül
03 Декември 2019•Ажурирај: 04 Декември 2019
САРАЕВО (AA) - Државјанин на Република Турција, Фатих Кескин, директор на Уна-Сана колеџот во Бихаќ во Босна и Херцеговина (БиХ), поврзан со терористичката организација ФЕТО, уапсен е денеска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кескин, со постојан престој во БиХ, денес е повикан во Министерството за внатрешни работи на Унско-Санскиот кантон (УСК) на разговор, после што е уапсен и транспортиран во Имиграцискиот центар заради депортација.
Полицијата на УСК сѐ уште не се огласи во врска со овој случај, но адвокатот Недим Адемовиќ, кој застапува некои лица чие испорачување од БиХ побара Турција, потврди дека Кескин е уапсен.
Истакна дека уапсениот Кескин повеќе од 20 години со семејството живеел во БиХ.
Службата за работа со странци на БиХ во септември укина дозволи за престој во БиХ за четири турски државјани чие испорачување побара официјална Анкара.
Терористичката организација ФЕТО, одговорна е за крвавиот обид за државен удар во Турција во ноќта на 15 јули 2016 година. Станува збор за терористичка организација која ја предводи Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, а чие испорачување Турција официјално побара од САД.
Членовите на таа терористичка организација со години, со наместени испити, напредуваа во службите инфилтрирајќи се така во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со наместен процес поради наводна корупција извршија обид за процесуирање на бројни високи функционери.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја земја во која е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар, во Турција загинаа 251, а ранети се околу 2.200 лица.