Bojan Bednar
03 Октомври 2023•Ажурирај: 04 Октомври 2023
БЕЛГРАД (АА) - На Милан Радоичиќ, функционерот на Српската листа, кој призна дека ја организирал групата која во нападот на 24 септември уби припадник на Косовската полиција во близина на селото Бањска, му е одреден притвор од 48 часа, соопшти денес српското Министерство за внатрешни работи, јавува Анадолу (АА).
Радоичиќ е приведен во Белград по претрес на станот и други простории.
Во соопштението се наведува дека на 3 октомври полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција извршиле претрес во станот и другите простории на Милан Радоичиќ, на кој му е одредено полициско задржување до 48 часа.
Радоичиќ со кривична пријава е донесен во Вишото јавно обвинителство во Белград.
Радоичиќ претходно призна дека лично ја организирал групата вооружени напаѓачи кои се одговорни за конфликтот на северот на Косово и дека никого не известил за својата намера.
Радоичиќ бил снимен од дрон на косовската полиција во манастирот Бањска.