Ekip
09 Мај 2021•Ажурирај: 10 Мај 2021
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА
Со молитви во џамиите и со читање на светата книга Куран, верниците од исламска вероисповед вечерва ја одбележаа Лејлетул кадр (Ноќта на Кадр), јавува Агенција Анадолија (AA).
Голем број верници дојдоа во џамијата „Мустафа Паша“ во Скопје, каде присуствуваа на организираната програма по повод Лејлетул кадр (27. ноќ од месецот Рамазан, ноќ во која започнало објавувањето на Куранот).
Во земјите од регионот, меѓу кои и во Албанија, главниот град на оваа држава, Тирана, со молитви во џамиите се одбележа Лејлетул кадр.
Ноќта на кадр со програма се одбележа и во Косово.
Лејлетул Кадр за муслиманите претставува најважната ноќ во годината. Во оваа ноќ започнала објавата на Куранот, светата книга за муслиманите. Тоа е ноќта за која муслиманите веруваат дека се одредува судбината. Во Куранот, за ноќта Лејлетул Кадр се вели дека е „ноќ повредна од 1.000 месеци".