Admir Fazlagic
13 Март 2019•Ажурирај: 13 Март 2019
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев на заедничката прес-конференција со премиерот на Република Алабанија, Еди Рама, истакна дека очекува до крајот на годината Република Северна Македонија да стане членка на НАТО алијансата, каде Албанија веќе членува, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Заев, заедно со владина делегација престојува во официјална посета на Албанија.
По одржаната средба на владините делегации на двете земји, премиерите Заев и Рама одржаа заеничка прес-конференција.
Заев изрази задоволство поради посетата на Тирана, во, како што рече, пријателска Албанија.
„Од името на граѓаните на Република Северна Македонија и во мое име на нашиот голем пријател Република Албанија се заблагодариме и како народ и како земја што беше една од првите земји што го ратификуваше во многу брза процедура Протоколот за членството во НАТО на нашата земја Република Северна Македонија. Уште еднаш испрати сериозна порака до нашиот народ за тоа сме благодарни", истакна Заев.
Тој додаде дека очекува Северна Македонија до крајот на годината да стане 30. земја членка на НАТО.
„Очекуваме до крајот на годината Република Северна Македонија да ѝ се придружи на Алијасата каде што е нашиот пријател Албанија веќе од 2009 година, да бидеме 30 земја членка на НАТО. Тоа е една од првите наши стратешки цели како земја. Но паралелно со овие очекување нашите надежи за фокусирани на јуни 2019 година за отворање на претпристапните преговори со ЕУ", изјави Заев.
„Јуни 2019 година е важен датум за европските перспективи за нашите држави, како за Република Северна Македонија така и за Република Албанија", потенцираше Заев.
Делегацијата на Владата на Северна Македонија беше пречекана со официјална церемонија од страна на албанскиот премиер, Еди Рама, во Палатата на бригадите во Тирана, каде што беа присутни и министри од албанскиот Кабинет и други високи функционери.
Дел од делегацијата на Владата на Северна Македонија која е во посета на Албанија се и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и други официјални претставници.
Премиерот Заев денеска се очекува да се сретне и со претседателот на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи.