Балкан

„Процесите за прифаќање на земјите од регионот се во интерес и на Европа"

„Процесите за прифаќање на земјите од Западен Балкан во НАТО и во ЕУ, од наша гледна точка, се значајни за стабилноста на регионот. Затоа, ова не е само во ваш интерес, туку и во наш интерес, што значи декае во европски интерес“, порача Мас.

Besar Ademi  | 18.09.2018 - Обновена : 19.09.2018
„Процесите за прифаќање на земјите од регионот се во интерес и на Европа" (Foto: Besar Ademi/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Германија, Хеико Мас, кој престојува во официјална посета на Македонија, по средбата со македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров, изјави дека Владата на Македонија со постигнување на договорот за името со грчката влада направи историски чекор кон иднината на Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

„Вие со грчката влада направивте историски чекор, 25-годишното несогласување меѓу Македонците и Грците беше пречка меѓу двете земји, додека сега е близу да се искористи историската можност за ова насогласување да се реши. Се надевам што повеќе Македонци ќе го искористат своето демократско право и ќе гласаат. Сега одлуката е во рацете на граѓаните на оваа земја. Ова е законска можност и се надевам дека ќе го искористите тоа“, рече германскиот министер Мас.

Тој истакна дека за нив е јасно дека решавањето на несогласувањето претставува значаен чекор за Скопје кон Европа. Тој нагласи дека тие се за европска перспектива на земјите од Западен Балкан, и дека тоа секогаш ќе остане така.

„Процесите за прифаќање на земјите од Западен Балкан во НАТО и во ЕУ, од наша гледна точка, се значајни за стабилноста на регионот. Затоа, ова не е само во ваш интерес, туку и во наш интерес, што значи декае во европски интерес“, порача Мас.

Во врска со прашањето „во случај референдумот да помине позитивно која е неговата порака до грчката страна, бидејќи потоа спроведувањето на договорот ќе остане на грчката страна“, германскиот министер нагласи дека истата порака упатена до македонската страна важи и за грчката страна.

„На Грците нема да им речам ништо поразлично од тоа што ви го реков вам. Мислам дека ова е една историска можност, бидеќи ова несогласување повеќе од две декади, има можност да се реши, и тоа со можност да се прифати од страна на народите на двете земји. Ова не е само во интерес на Македонците, туку и во интерес на Грците“, додаде тој.

Во врска со последните тврдења дека Москва се обидува да интервенира за референдумот од 30 септември да не успее, Мас рече: „Се додека ние им нудиме перспектива на земјите од Западен Балкан, сигурен сум дека другите ќе се обидат нивното влијание да го зголемат во истиот регион и според мене тие се моќни играчи кои немаат исти вредности како нас во ЕУ. Затоа, важно е Македонија да добие сигурна европска перспектива, но овa е интерес којшто важи за целиот Западен Балкан“.

Осврнувајќи се на прашањето околу интервенцијата на Русија, Димитров нагласи дека членството во НАТО е стратешка цел на Македонија од 1993 година, и денес над 70 отсто од граѓаните во земјата ги поддржуваат овие стратешки цели.

„Тоа за нас значи порака дека Македонија е тука да остане во овие граници и ќе извлече Македонија од џебовите на неизвесност коишто се уште постојат на Балканот. Јас нема да престанам да ги убедувам руските дипломати дека е ова вистинската работа и дека ова е наша одлука. Имаме тука различни гледања, и исто така мислам дека на среден рок, односите меѓу Руската федерација и Западот, прашање е на време и на лидерство кога ќе има поблиска соработка. Ние имаме доволно проблеми овде на Балканот и не ни требаат увезени геополитички надмудрувања, време е да си ги решиме тие проблеми и бараме почит од сите, па и од најголемите играчи да нѐ поддржат тоа да го направиме", рече Димитров.

Димитров нагласи дека Германија е најзначајниот и најблискиот партнер на Македонија од политички и економски аспект.

Тој нагласи дека 47 отсто од македонските производи се извезуваат во Германија, додека минатата година трговксата резмнеа меѓу двете земји достигна до 3.6 милијарди евра.

„После овој стратешки чекор нас ни треба еден сериозен реформски чекор дома бидејќи целта не е само да влеземе во ЕУ туку Македонија да ја направиме европска“, додаде Димитров.

По средбата на шефовите на дипломатијата на двете земји, Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, и амбасадорот на Германија во Скопје, Томас Герберих, ја потпишаа Декларацијата за признавање и замена на возачките дозволи, со тоа што ќе се овозможи взаемно признавање на возачките дозволи на двете земји.

На официјалната церемонија на потпишување на Декларацијата беа присутни и министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, како и неговиот германски колега, Хеико Мас, кој престојува на официјална посета во Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın