Bakir Tiro
07 Февруари 2025•Ажурирај: 07 Февруари 2025
БЕЛГРАД (АА) - Доколку се формира Владата на Србија, тоа треба да се стори до 19 или 20 март, а ако не, тогаш тоа значи дека изборите најверојатно ќе се одржат на почетокот на мај, изјави Александар Вучиќ, претседателот на Србија, пренесува Анадолу.
Во четвртокот вечерта за Радио телевизија Србија (РТС) претседателот Вучиќ истакна дека ‘најдоцна до околу 17 февруари треба да констатирана оставката на Владата и нејзиниот премиер Милош Вучевиќ“.
Вучиќ посочи дека тоа значи дека роковите од 30 дена за формирање влада или распишување избори ќе почнат да течат од 17 февруари.
Тој изјави дека тоа се две опции утврдени со Уставот и дека пред сѐ би било добро да се обиде да создаде „една добра влада“.
Претседателот на Србија рече дека ќе продолжи да инсистира на дијалог со студентите кои протестираат во српските градови по уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, кога загинаа 15 лица, а тројца беа тешко повредени.
Вучиќ рече и дека не го интересира кој ќе учествува во тој дијалог, бидејќи „секој разговор е лековит“ и додаде дека можат да разговараат со кој ќе сака, објави Танјуг.
- Организирање собир за усвојување политичка декларација за Војводина во Србија
Александар Вучиќ, претседателот на Србија, истакна дека во наредните денови ќе се организира собир на кој ќе биде усвоена политичка декларација за Војводина во Србија, пренесува Анадолу.
„Ќе одржиме голем митинг и ќе усвоиме специјална декларација за Војводина во Србија, политичка декларација, која нема никаква врска со какви било протести“, изјави Вучиќ во четвртокот вечер за Радио-телевизија Србија (РТС).
Последниве денови, владините претставници ја обвинија опозицијата дека сака да ги искористи студентските протести за отцепување на Војводина од Србија. Милош Вучевиќ, премиерот во заминување, истакна дека 'за опозицијата која сака отцепување на Војводина, бранувањето на протестите се можност таквите планови да се стават на маса'. Лидерите на опозицијата ги негираат овие тврдења.
Студентите, на кои им се придружија голем број граѓани, протестираат во српските градови од 1. ноември минатата година, кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, а уште тројца беа тешко повредени.