Andjelija Stojkovic
24 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес ја информираше амбасадорката на Република Македонија, Вера Јовановска – Типко, дека премиерката на Србија, Ана Брнабиќ ќе упати повик до својот македонски колега Зоран Заев, за одржување на заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годината во Белград, јавува Anadolu Agency (AA).
Вучиќ и амбасадорката Јовановска – Типко дискутираа и дека наскоро треба да се одржи состанок на Мешовитиот комитет за економска соработка.
„Сите ние мислиме дека е неопходно да работиме вредно и одговорно да ги подобриме нашите односи“, рече Вучиќ, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.
Вучиќ и Типко се договорија по поставувањето на советник за национална безбедност на Србија да биде одржан заеднички состанок со македонскиот колега.
Тие зборуваа за подобрување на соработката, особено во областа на туризмот, економијата и заедничкиот настап на трети пазари.
Србија во неделата го повлече својот персонал од амбасадата во Скопје, на итни консултации во Белград. Амбасадорот на Србија треба да се врати во Македонија до 31 август.