Zylfije Adem Jakupi
24 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) - Националниот институт за јавно здравје на Косово синоќа објави дека уште 26 лица се заразени со коронавирус, со што бројот на заразени се зголеми на 61, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според наведеното во соопштението, биле тестирани 100 примероци на лица кои биле во контакт со веќе заразени лица и сите биле во самоизолација, освен едно лице од селото Панорц, општина Малишево, кое е сместено на Клиниката за инфективни болести.
„Тестирањето во толку голем број беше спроведено со цел да се пронајдат сите контакти на потврдените случаи кои проактивно се пронајдени од страна на тимовите на Националниот институт за јавно здравје. Од овие примероци земени за тестирање на коронавирус, дваесет и шест се покажаа позитивни“, се вели во соопштението.
Од 26 потврдени случаи, 14 се од општина Малишево, 11 од Гњилане и 1 од Ѓаковица.
Досега се тестирани 690 примероци за Ковид-19, од кои 61 се позитивни, со еден смртен случај на 82-годишно лице од општина Подуево.