Муслиманите со бајрамската утринска молитва го дочекаа Рамазан Бајрам и во БиХ, Србија и Црна Гора
- Во џамиите низ регМуслиманите со бајрамската утринска молитва го дочекаа Рамазан Бајрам и во БиХ, Србија и Црна Гораионот на Западен Балкан се клањаше бајрамската утринска молитва со кој муслиманите по месецот на постот го дочекаа Бајрам

САРАЕВО (АА) - Во џамиите низ регионот на Западен Балкан се клањаше бајрамската утринска молитва со кој муслиманите по месецот на постот го дочекаа Бајрам, известува Анадолу.
Верниците по бајрамската молитва го дочекаа Рамзан Бајрам и во џамиите во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска.
- Босна и Херцеговина
Централната бајрамска церемонија на Ријасетот на Исламската заедница се одржа во џамијата Гази Хусрев-бег во Сараево.
По утринската молитва се одржа празнична програма во изведба на познати рецитатори на Куран и илахи.
Бајрамската проповед ја одржа реисул-улема Хусеин еф. Кавазовиќ.
- Србија
Бајрамската молитва во џамијата Бајракли во Белград ја водеше белградскиот муфтија Мустафа Јусуфспахиќ. Единствената џамија во Белград беше исполнета со верници кои дојдоа да го одбележат крајот на месецот на постот и покајанието и дочекувањето на Рамазан Бајрам.