СКОПЈЕ (АА) - Од 19.11.2015 година, односно од датумот на започнувањето на примената на селективниот пристап на дозволување на влез на македонската терирорија само на бегалците кои доаѓаат од воените подачја како што се Сирија, Авганистан и Ирак, до 10 јануари, Министерството за внатрешни работи откри вклупно 25 случаи на криумчарење на мигранти при што бројката на мигрантите кои илегално биле пренесувани на македонската територија изнесува 181, потврди за АА, Наталија Спирова-Кордиќ, начелник на Секторот за односи со јавноста и протокол при МВР.
Помеѓу останатото, Спирова-Кордиќ информира дека од примената на селективниот пристап на пропуштање на поминување на македонската јужна граница вратени се вкупно 12.189 таканаречени "економски мигранти", од кои 8.146 се вратени од самиот граничен премин, додека 4.033 се вратени од македонска територија, најчесто во близина на Гевгелија, каде што е сместен и прифатниот центар за бегалците.
Инаку, пред два дена АРМ почна со поставување втор ред мрежа и бодликава жица долж македонско-грчката гранична линија, кај котата 59. Планирано е оваа двојна ограда да ја има долж целата јужна граница. Дополнителната заштитна мерка се применува поради фактот дека мигрантите ги користат дивите премини за да влезат на територијата на Република Македонија, од каде продолжувааат кон западно-европските земји.
"АРМ започна со поставување на втор ред мрежа на оградата. Се поставуваат и столбови на местата. Намерата за постапување на дополнителната ограда е исто како и претходната, односно спречување на нелегални преминувања и упатување на бегалците кон точното место за нивна регистрација" , потврдија за АА од Одделот за односи со јавноста при АРМ.
Што се однесува до спречување на илегалните премини од стана на армијата и полицијата, македонскиот претседател Иванов, при посета на прифатниот камп за бегалци во Гевгелија, рече дека од поставување на првата ограда Армијата има спречено 19.000, а полицијата 14.000 илегални премини, затоа сега се пристапува кон втората фаза од поставување заштитна ограда, која како што истакна тој, има за цел дополнително да ги спречи илегалните минувања и премини на македонската државна граница.
Во текот на вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 2.393 странски државјани, од кои 899 од машки и 547 од женски пол, како и на 932 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 15 деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР. Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 1.055 државјани на Сирија, потоа на 802 државјани на Авганистан и на 536 државјани на Ирак.
Од почетокот на годината заклучно со вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 70.418 странски државјани, од кои 28.560 се од машки пол, 15.233 се од женски и 26.483 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 142 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-34.238, Авганистан-22.097 и Ирак-14.080. Од минатата година, вклучувајќи го и месец јануари од оваа година македонската јужна граница ја поминале повеќе од 720 илјади бегалци.
Исто така, официјалните податоци на МВР говорат дека во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Од почетокот на оваа година до вчера, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, додека во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 08.02.2016 година евидентирани се вкупно 16 баратели на азил од кои 12 мажи, две жени и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж, една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
УНХЦР и невладините организации кои се активно вклучени во справување со бегалската криза истакнуваат дека прифатните центри во Гевгелија и во Табановце се изградени со идеја луѓето да се задржуваат таму само по неколку часа, како и дека тие не се подготвени доколку бегалците треба да престојуваат неколку дена во земјата, бидејќи сегашните капацитети за сместување на бегалците се само транзит центри. Помеѓу останатото, УНХЦР апелираше дека доколку се затворат границите тоа ќе предизвика поголем број на обиди за илегално преминување на границата.
Минатата недела на македонската јужна граница пристигнаа 25 чешки полицајци, како и полицајци од Словачка кои ќе им помагаат на македонските колеги при регистрација на бегалците, а утрово Хрватска испрати над 15 полициски службеници кои ќе учествуваат во заедничко полициско профилирање на мигрантите кои сакаат да влезат во земјите на Европската унија. Ова е одлука според договорот постигнат на состанокот на директори на полициите на земјите од бегалската рута, каде што беше договорено да се испрати заедничка полициска поддршка на македонската граница.
news_share_descriptionsubscription_contact
