Ekip
24 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
АНКАРА (AA) - Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим зборувајќи за локалните медиуми потсети дека многу прашалници кои се појавуваат кога е во прашање неуспешниот обид за државен удар, кој се случи на 15 јули. Тој рече дека многу факти укажуваат дека се е планирано од порано и дека се детално ќе биде истражено, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот премиер потсети на случувањата од 15 јули кога повеќето офицери од воениот врв биле присутни на една свадба, додека само едно лице не дошло, а тоа бил генералот Акин Озтурк кој го предводел државниот удар.
„Дали сето тоа е случајност или дел од некој план? Тоа прашање со право го поставуваме. Се ќе се појасни и се ќе биде детално истражено. Сите доаѓаат на свадба освен едно лице кое со години беше во команда и кое тука е повикано како сведок. Кога бил на одмор во Измир го прекинува одморот и доаѓа во Анкара. Многу чуден сплет на околности. На свадбата упаѓаат пучистите и ги раздолжуваат од должност присутните команданти. Сето ова укажува дека за ова од претходно постоел план", рече премиерот Јидирим.
Јилдирим појасни дека со денешниот ден во Турција се приведени вкупно 13.002 осомничени лица. Од нив, 1.329 полицајци, 8.371 воени лица, меѓу кои 163 генерали и адмирали. Тој и понатаму појасни дека од 13.000 приведени 5.837 се задржани во притвор.