Ali Murat Alhas
15 Мај 2022•Ажурирај: 16 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Турција отсекогаш ја поддржувала идејата за проширување на НАТО, но сега изразува загриженост во врска со желбата на Финска и Шведска да се приклучат на Алијансата, со оглед на нивните односи со терористичките групи, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу го изјави ова по неформалниот состанок на НАТО одржан во Берлин, главниот град на Германија.
„Земјите кои го поддржуваат тероризмот не треба да бидат сојузници во НАТО“, рече Чавушоглу, додавајќи дека ги информирал учесниците на состанокот за поддршката што ја дадоа двете земји на терористичката организација ПКК, особено за помошта во оружје што ја даде Шведска.
„Финска и Шведска 'мора да престанат да ги поддржуваат терористичките организации' и да дадат јасни безбедносни гаранции за да станат членки на НАТО“, рече Чавушоглу и додаде дека земјите членки треба да покажат солидарност една со друга.
„Ограничувањата на дозволите за извоз од страна на потенцијалните земји членки на НАТО се неприфатливи“, додаде Чавушоглу.
Чавушоглу ги коментираше и изјавите на шведската колешка Ан Линде за односите со терористичките групи, велејќи дека таквите изјави не се „продуктивни“, туку „провокативни“.
Финска и Шведска имаат намера да станат членки на НАТО, кој во моментов има 30 членки, од кои две се англо-американски и 28 европски.