Meltem Bulur
24 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, денес во Анкара изјави дека цел на опсежната воена операција „Штит на Еуфрат" е да се потисне терористичката организација ДАЕШ од северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа е заеднички планирано со САД. Моментално работиме на спроведување на таа цел со користење на тенкови и други расположливи средства. Умерена сириска опозиција е вклучена во операцијата. Тенковите се користени за обезбедување на одредени премини и преместување на силите, со друи задачи. Активностите на Турските вооружени сили (ТСК) се движат според планот. Што се однесува до поддршката од воздух, тука соработуваме со коалициските сили”,изјави министерот Чавушоглу.