Yasemin Kalyoncuoğlu
31 Октомври 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
АНКАРА (АА) – Турција во првите 9 месеци од годината угости 41,6 милиони посетители, а обезбеди приход од 26,63 милијарди долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменoто соопштение од турското Министерство за култура и туризам, Турција брзо се приближува до бројката предвидена за 2023 година, која изнесува 75 милиони туристи и 65 милијарди долари приход.
Според податоците на Министерството за култура и туризам и на Институтот за статистика на Турција (TÜİK), во првите 9 месеци од оваа година Турција ја посетиле вкупно 41 милион 564 илјади 536 посетители.
Министерството, исто така, соопшти дека за периодот јануари - септември 2019 година, Турција во однос на истиот период од претходната година угости 36 милиони 428 илјади 212 странски туристи, што претставува зголемување од 14,50 проценти.
Според податоците на Институтот за статистика на Турција (TÜİK), во првите девет месеци од годината Турција ја посетиле 5 милиони 136 илјади 324 турски државјани кои живеат во странство.
Во третиот квартал, приходите од туризмот достигнаа до 14 милијарди долари, а за 9 месеци приходите од туризмот изнесуваат 26 милијарди 634 милиони 764 илјади долари.
Во третиот квартал и во првите 9 месеци од годината, потрошувачката по глава на жител изнесува 649 долари.
- Во септември, 5 милиони 426 илјади 818 посетители -
Според статистичките податоци на Министерството во септември 2019 година Турција ја посетиле 5 милиони 426 илјади 818 странски посетители, што во однос на изминатата година значи зголемување за 13,23 проценти.
Во периодот од јануари до септември 2019 година во Турција најмногу посетители дошле од Руската Федерација. Во однос на минатата година, бројот на туристи од Русија е зголемен за 15,28 проценти. На второ место е Германија, со зголемување од 12,43 проценти, и Англија е на трето место со зголемување за 16,05 проценти во споредба со истиот период од претходната година. Потоа следуваат Бугарија и Иран.
- Најмногу посетители во Турција дојдоа од Русија -
Во септември 2019 година, Руската Федерација се најде на првото место на рангирањето на земјите, испраќајќи најмногу туристи во Турција со пораст од 14,70 проценти.
Германија е втора земја со раст од 6 проценти, а на третото место е Велика Британија со раст од 9,64 проценти.
Според бројот на туристи што ја посетиле Турција следат Бугарија и Иран.