Турција

Турција: Уапсени 7 лица поради користење на системот „БајЛок“

Во рамките на истрагата која ја води Републичкото обвинителство во Анкара, објавен е налог за апсење на вкупно 14 лица, за кои е утврдено дека го користеле системот за шифрирана комуникација „БајЛок“

Ekipa  | 14.05.2019 - Обновена : 15.05.2019
Турција: Уапсени 7 лица поради користење на системот „БајЛок“

ИСТАНБУЛ (АА) - Во акција на безбедносните сили на Турција уапсени се најмалку 7 лица, меѓу вкупно 14 за кои е распишан налог за апсење поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Во рамките на истрагата која ја води Републичкото обвинителство во Анкара, објавен е налог за апсење на вкупно 14 лица, за кои е утврдено дека го користеле „БајЛок“, системот за шифрирана комуникација меѓу припадниците на ФЕТО.

Во рамките на акцијата досега се уапсени најмалку 7 лица, а станува збор за вработени лица во приватни и државни претпријатија.

Терористичката организација ФЕТО во 1970-тите години започна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, за значително да ги зајакне своите паралелни пирамиди во рамките на тие институции во 1980-тите години, и на 15 јули 2016 година да го изведе неуспешниот обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın