Sibel Uğurlu
12 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Вкупно 474 осомничени лица се уапсени во Турција, во текот на минатата недела, поради промовирање на терористичката организација ПЈД/ПКК на социјалните медиуми, се вели од Министерството за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се додава дека Турските безбедносни сили ги уапсиле осомничените за време на операции низ земјата поради вршење пропаганда против тековната операција „Маслинова гранка“ што се одвива во Африн.
Исто така, околу 192 осомничени лица се уапсени поради учество во протести против операцијата во Африн.
Во соооштението се додава дека безбедносните сили извршиле 1.053 антитерористички операции во периодот меѓу 5 и 12 февруари.
„За време на операциите, неутрализирани се 25 терористи, 353 лица се притворени поради помагање и поттикнување на терористичката група ПКК, а 66 лица се притворени поради наводна поврзаност со ДЕАШ“, се вели во соопштението.
Полицијата, исто така, уапси 568 други лица поради сомнение за поврзаност со терористичката организација ФЕТО.
Во областите Батман, Бингол, Битлис, Дијарбекир, Хакари, Хатај, Мардин, Сирт, Ширнак, Тунџели и Ван се уништени 57 засолништа и пештери на терористите на ПКК, а детонирани се и 10 импровизирани експлозивни уреди и мини.
За време на операциите, безбедносните сили, исто така, запленија и 790 килограми експлозивен материјал, 15 рачни гранати, 6.107 парчиња муниција и 21 оружје, вклучувајќи и 20 пушки со долг дострел и тешко оружје.
Во соопштението се вели дека биле спроведени и 2.885 операциии против наркотици и криумчаење, во кои биле уапсени 4.972 лица.
Во овие операции се запленети 4.833 тони хашиш, 312 кг хероин, 5.2 кг метамфетамин, 314.347 нелегални дроги, 457.825 кутии со шверцувани цигари и над 46.266 литри шверцувана нафта.
Безбедносните сили уапсија 243 лица, осомничени за извршување криминални дела поврзани со тероризам, и 31 лице осомничено за огранизирано криумчаење мигранти.
Во соопштението се додава дека 4.627 мигранти без документи биле, исто така, приведени поради илегално преминување на границата.