Asiye Latife Yılmaz
21 Мај 2026•Ажурирај: 21 Мај 2026
Турција со сите надлежни институции работи за да осигури безбедно враќање на своите граѓани приведени од Израел, по нелегалната интервенција врз Глобалната флотила Сумуд, која пловеше кон Газа, соопшти денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, пренесува Анадолу.
Во објава на турската платформа за социјални медиуми „NSosyal“, Фидан рече дека се очекува специјални летови закажани за подоцна во текот на денот да ги вратат турските граѓани, како и учесниците во хуманитарната флотила од трети земји, во Турција.
Тој нагласи дека Турција ќе продолжи да ги штити правата на своите граѓани, исполнувајќи ги своите хуманитарни одговорности кон цивилите во Газа.
Фидан, исто така, ја потврди континуираната поддршка на Анкара за палестинскиот народ.