Fatih Hafız Mehmet
18 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Во текот на вчерашниот ден неутрализирани се шеснаесет терористи на ПКК, објави денес турската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската војска во писмено соопштение истакна дека турските воздухопловни сили спровеле воздушни напади во областа Зап во северен Ирак, во кои се неутрализирани шест терористи, додека беспилотни летала неутрализирале уште петмина терористи во областа Нирва Сејту.
Тројца терористи се неутрализирани во турската област Ерзурум, источна Турција. Двајца од нив биле во "зелената категорија" и во "сива категорија" на листата барани терористи на турското Министерство за внатрешни работи.
Листата на Министерството за внатрешни работи е поделена на пет категории, во црвена категорија спаѓаат најбараните терористи, потоа следи сината, зелената, портокаловата и сивата категорија.
Еден терорист беше неутрализиран во подрачјето Шемдинли, во југоисточниот дел на Ширнак, а уште еден е неутрализиран во областа Лиџе, во југоисточниот дел на Дијарбакир.
Двајца терористи се предадоа во областа Первари, во југоисточниот дел на Сирт.
Повеќе од 1.200 луѓе, вклучувајќи и припадници на безбедносните сили и цивили, ги загубија своите животи откога ПКК (која е на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ), ја продолжи својата вооружена кампања во јули 2015 година.