Турција

Турција започна национална кампања на пошумување „Зелена татковина“

Турскиот потпретседател Јилмаз посочи дека кампањата има за цел да засади милиони садници во сите 81 турски области како дел од еколошката визија на земјата за „Столетието на Турција“

Fatma Sevinç Çetin  | 09.11.2025 - Обновена : 09.11.2025
Турција започна национална кампања на пошумување „Зелена татковина“

АНКАРА (АА) - Турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз денес ги повика граѓаните да се приклучат на националната кампања за пошумување под мотото „Мобилизација за зелена татковина“, јавува Анадолу

Во објава на турската платформа за социјални медиуми „NSosyal“, тој истакна дека Турција е една од ретките земји во светот што го зголемила својот шумски појас во последните 23 години.

Јилмаз посочи дека кампањата има за цел да засади милиони садници во сите 81 турски области како дел од еколошката визија на земјата за „Столетието на Турција“.

Тој ги охрабри граѓаните да спонзорираат садници преку официјалната веб-страница, велејќи дека учесниците можат да остават свој белег за „Зелена татковина“ и да придонесат за позелена иднина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.