Tutku Şenen
07 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
КАЈСЕРИ (АА) - Најмалку 69 лица се повредени во две сообраќајни несреќи предизвикани поради голомразица при што се превртеа два автобуса во централната турска покраина Кајсери, јавува Anadolu Agency (AA).
Првата несреќа се случи во раните утрински часови кога на замрзнатиот автопат се преврте патнички автобус кој сообраќал на релација Кајсери - Малатија. При тоа повредени се 14 лица.
Втората несреќа се случи набргу по првата, на истиот патен правец на еден километар подалеку, каде се превртел уште еден автобус при што повредени се 55 лица.
Сите 69 повредени се пренесени во најблиската болница во Кајсери и никој од нив не е во животна опасност.