Ferdi Türkten
13 Август 2024•Ажурирај: 16 Август 2024
АНКАРА (АА) - Турската национална разузнавачка служба (МИТ) успешно разби глобална мрежа за кибершпионажа што украла лични податоци од илјадници лица низ светот, вклучително и во Туркије, јавува Анадолу.
Во координирани активности со Генералната команда на турската жандармерија и Националниот центар за одговор на киберинциденти (USOM), МИТ ја спроведе операцијата како дел од истрагата предводена од Канцеларијата на главниот јавен обвинител на Анкара, истакнаа безбедносни извори.
Во акцијата се уапсени 11 осомничени.
- Податоците споделени со терористички организации -
МИТ објави оти е откриено дека мрежата за кибершпионажа, која имала меѓународни врски, споделувала украдени лични податоци со различни субјекти, меѓу кои и терористички организации.
Долгорочното следење на МИТ откри дека мрежата обезбедувала клучни информации за поддршка на терористичките операции.
- Затворени веб-страници -
Единаесет осомничени се притворени, а голем број веб-страници поврзани со мрежата се затворени.
Истрагата, која останува доверлива, е во тек. Одземените податоци се на темелно испитување.
МИТ планира да продолжи со проширување на операциите за кибершпионажа со цел да ги заштити чувствителните лични податоци и ќе ги испита и меѓународните врски.
МИТ ја истакна својата посветеност на преземање одлучни и превентивни мерки против активностите што ја загрозуваат националната безбедност на Туркије.