Faruk Zorlu
23 Декември 2018•Ажурирај: 24 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Турските воени авиони неутрализираа шестмина терористи како дел од антитерористичката операција во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во објава на Твитер, турскиот Генералштаб соопшти дека со воздушните напади изведени во подрачјето на планината Кандил и во Хакурк вчера, неутрализирани се терористи кои подготвувале напади врз турски бази.
Турските авиони во операцијата уништија и засолништа и складишта на терористите на ПКК.
Воздушните напади во овој регион обично се насочени кон терористите на ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе.