Турција

Турските војници ѝ пружија рака на ранета терористка

„Немојте повеќе да се грижите, вашата ќерка веќе е во сигурни раце“

Sarp Özer  | 15.09.2019 - Обновена : 18.09.2019
Турските војници ѝ пружија рака на ранета терористка

АНКАРА (АА) - Во руралните делови на Хакќари, југоисточна Турција, турските командоси при вооружен судир фатиле ранета терористка, тоа го снимиле, а на снимката се гледа како покажуваат разбирање и ѝ помагаат на терористката која само неколку минути претходно пукала во нив, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од безбедносни извори, припадниците на Турските вооружени сили со зголемено темпо ги продолжуваат операциите во борбата против тероризмот во Турција и надвор од неа.

Направени се видеоснимки на кои може да се види како во руралните делови на Хакќари, по вооружената пресметка со терористите, терористка се предава, а турските војници ѝ пружаат рака на помош.

На снимката може да се забележи како командосите, по вооружената пресметка го пребаруваат теренот, при што меѓу грмушките откриваат скриена терористка.

По преземените мерки терористката да не изведе ненадеен напад врз војниците, таа се предала. Откако е увидено дека припадничката на сепаратистичката организација (ПКК) е ранета, турските војници ѝ укажаа прва помош на терористката која само неколку минути претходно пукала во нив.

- „Штом ќе ви се укаже можност, избегајте од организацијата“ -

На терористката на која ѝ беше укажана помош за раната, со цел да ѝ се даде доверба и „да не се плаши и да се смири“, турските војници ѝ дале вода.

На прашањето зошто се плаши, таа одговара „Ни рекоа дека турските војници лошо ги третирале оние кои се предаваат. Сама увидов дека тоа не е точно.“

По операцијата на турските безбедносни сили, терористката изјави дека голем број млади лица се обидуваат да ја напуштат сепаратистичката терористичка организација (ПКК), упатувајќи им повик „избегајте штом имате можност“.

Терористката соопшти дека од 12-годишна возраст припадниците на терористичката организација успеале да ја убедат да се приклучи на организацијата, додавајќи дека кај Ајн ел Араб се борела од страната на ЈПГ, по што преминала во камповите на ПКК во Гара, истакнувајќи го своето жалење што ѝ пристапила на терористичката организација.

- Рече „ќерко“ и се задуши во солзи -

За терористката беше обезбеден и телефонски разговор со нејзините родители од кои ја одвои сепаратистичката терористичка организација ПКК.

По воспоставувањето на повикот со нејзиното семејство, командантот на безбедносните сили на телефон рече „Ве бараме за да ви кажеме една добра вест. Вашата ќерка со нетрпение сака да ве чуе“, на што нејзиниот татко одговорил „И јас сум нестрплив“. Откако го слушна нејзиниот глас, таткото изговори „ќерко“, по што се задуши во солзи, а разговорот го продолжија мајката и ќерката.

- „Ќерката веќе е во безбедни раце“ -

На крајот од разговорот командантот го зеде телефонот во свои раце и на таткото на ранетата терористка му соопшти „Немојте повеќе да се грижите, вашата ќерка веќе е во сигурни раце.“ Семејството кое не можеше да го скрие задоволството што го слушнало гласот на своето чедо, им се заблагодари на турските војници.

Таткото и мајката изјавија дека им дошло крај на деновите полни со тага откако биле излажани и откако сепаратистите ја однеле в планина нивната ќерка, давајќи им поддршка на напорите на семјствата кои сакаат да ги спасат своите деца од рацете на организацијата, и упатувајќи повик до младите кои биле киднапирани и принудени да се приклучат на организацијата, да им се предадат на властите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.