Sena Güler
18 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот суд денеска одреди притвор за повеќе од 100 лица во активна служба, поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој чекор се случи откако обвинителите во Истанбул упатија на суд 138 осомничени лица, вклучувајќи припадници на копнените, воздушните, поморските жандармериски сили и крајбрежната стража, вели извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Околу 111 од нив се задржани поради членување во вооружената терористичка организација, додека останатите 27 од нив се ослободени под судска контрола.
Минатата недела обвинителите издадоа налози за апсења за 223 лица во активна служба од копнените, воздушните, поморските, жандармериските сили и крајбрежната стража.
Додека полициските тимови притворија 168 осомничени лица за време на операциите низ Турција и Турската Република Северен Кипар (TRNC), судот ослободи 30 од нив и изјави дека останатите 138 ќе се појават на суд под обвиненија за членување во вооружена терористичка организација.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули, 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.