Orhan Onur Gemici
22 Октомври 2026•Ажурирано: 22 Октомври 2026
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со свечена церемонија го пречека канадскиот премиер Марк Карни, кој е во посета на Турција, јавува Анадолу.
Коњаници го пречекаа службеното возило на Карни на улицата пред Претседателскиот комплекс во Анкара и го придружуваа до протоколарниот влез.
Претседателот Ердоган го пречека Карни на главниот влез на Претседателскиот комплекс. Откако Ердоган и Карни ги зазедоа своите места на церемонијата, оркестарот ги изведе националните химни на двете земји.
На церемонијата имаше знамиња и војници што ги претставуваа 16. турски држави низ историјата, а беа испукани и 21 топовски плотун.
Карни ја поздрави почесната единица на Претседателската гарда со зборовите „мерхаба аскер“. Двајцата лидери си ги претставија членовите на своите делегации.
Ердоган и Карни се ракуваа на скалите пред знамињата на Турција и Канада за фотографирање од страна на медиумите.
Потоа Ердоган и Карни заминаа на тет-а тет средба и разговори меѓу делегациите, по што ќе учествуваат на заедничка прес-конференција.
На церемонијата присуствуваа и министерот за надворешни работи Хакан Фидан; министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар; министерот за трговија Омер Болат; директорот на Националната разузнавачка служба (МИТ), Ибрахим Калин; претседателот на Одбранбената индустрија, Халук Ѓоргун; директорот на Кабинетот на претседателот, Хасан Доган; директорот за комуникации на претседателот, Бурханетин Дуран; главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност, Акиф Чагатај Ќилич; амбасадорот на Турција во Отава, Џан Диздар и гувернерот на Анкара, Јакуп Џанболат.