Mümin Altaş
29 Октомври 2026•Ажурирано: 29 Октомври 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес се сретна со узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијојев во главниот град Анкара, јавува Анадолу.
Ердоган го пречека Мирзијојев, кој пристигна во Анкара по повод 13. Самит на Организацијата на туркиски држави, во Претседателскиот комплекс.
Двајцата лидери беа фотографирани пред турското и узбекистанското знаме и се ракуваа, по што продолжија кон просториите за билатерална средба.
По средбата лидерите ќе присуствуваат на церемонијата на потпишување договори меѓу двете земји.