Serdar Dincel
25 Мај 2024•Ажурирај: 27 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, ќе престојува во Брисел „за да учествува на состаноците за Палестина“, пренесува Анадолу.
„На средбите ќе се разговара за најновите случувања и хуманитарната ситуација во Газа, како и напорите да се поттикнат повеќе земји да ја признаат државата Палестина“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Фидан во рамките на посетата ќе оствари и билатерални средби.
Шефот на турската дипломатија последен пат го посети Брисел на 3 и 4 април за состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.