Cüneyt Karadağ
24 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
БЕРЛИН (АА) - Германија е меѓу нашите најважни сојузници во европската безбедносна архитектура, изјави министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер Акар за германскиот весник „Ханделсблат“ изјави дека во врска со прашањето за Источен Медитеран, ги ценат позитивните и конструктивни придонеси на Германија, особено на канцеларката Ангела Меркел.
Акар нагласи дека во интерес на сите, би било добро доколку Источен Медитеран, наместо да биде поле на натпреварување, да се претвори во слив на соработка.
Министерот Акар, критикувајќи го тврдењето на Грција дека нејзиниот воздушен простор изнесува 10 милји, истакна: „Очигледно е дека ситуацијата нема да се промени со три или пет авиони и очигледно е дека ова само ќе донесе дополнителен финансиски товар за грчкиот народ.“
Освен тоа, Акар, барајќи од Брисел кипарското прашање меѓу Турција и Грција да не го претвори во европски проблем, истакна: „ЕУ мора да биде неутрална и непристрасна кон овие преговори.“