Sertaç Bulur
15 Април 2022•Ажурирај: 17 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека турската војска неутрализира тројца терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството објавено на Твитер се наведува дека вознемирувањето и обидите за напад од страна на терористите не поминале неказнето.
„Нашите херојски командоси неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ кои отворија вознемирувачки оган во областите „Извор на мирот“ и „Маслинова гранка““, се нагласува од Министерството.
Турските сили во текот на изминатите четири години спроведоа неколку успешни антитерористички операции во северна Сирија, по должината на сириско-турската граница: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.